Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Балерини

263 ден350 ден

Роман за контроверзите на образованието и практиката на класичната балетска уметност. Базирана врз лично искуство, приказната се развива околу школувањето на млада девојка на балетски конзерваториум во Прага во 1990-тите години. Осамостојувањето на рана возраст, предизвиците на големиот град, жртвите за посакуваниот идеал, постојаниот физички и ментален напор, строгата и непотполна едукација, секојдневните прегладнувања, дрогите и алкохолот… Се покажува дека возвишената балетска игра има потресна позадина.

Раскрвавени стапала, вкалапување на телото во точно пропишани размери, губење на индивидуалноста, честопати и изневерување на идеалите, куси и недоволно успешни кариери, многу разочарувања, па и самоубиства… Приказната е раскажана непретенциозно, со иронија и горка смеа, со еден воздржан, но продорен револт: дали навистина мора да биде така?

Појавата на оваа книга предизвикала сериозни дебати во балетскиот свет во Чешка и побудила контрадикторни реакции кај читателската публика: некои ја осудуваат за оцрнување на класичниот балет, а други ја доживуваат како поттик за сериозно преосмислување на практикувањето на оваа уметност.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026