-
Вашата кошничка е празна!
Градот што се викаше Солис
368 ден490 ден
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Мери Лосон
- Достапност: На залиха
Шеснаесетгодишната Роуз исчезна. Гневна и бунтовна, по жестока кавга со мајка и, таа излета од дома и едноставно исчезна. Зад себе ја остави осумгодишната Клара, помалата обожавана сестра. Изолирана од родителите, во обид да ја заштитат од вистината, Клара е вознемирена и збунета. И нејзината единствена утеха е Мојсеј, мачорот на сосетката, за кого се грижи наместо старата сопственичка - госпоѓа Орчард - која пред неколку седмици замина во болница и се уште не се вратила.
И тогаш, во малиот град на северот, пристигнува Лијам Кејн - штотуку разведен, а од неодамна и невработен маж во средните триесетти години - кој се вселува во куќата на госпоѓа Орчард каде што, според мислењето на Клара, воопшто не припаѓа. И по неколку часа на прагот му пристигнува полицијата. Се чини дека е осомничен за злосторство.
Сепак, кон крајот на животот и Елизабет Орчард размислува за едно злосторство - извршено пред триесетина години - што имало трагични последици за две семејсгва, а особено за едно мало дете. И очајно сака да ги поправи нештата пред да умре.
Раскажан преку три различни уверливи гледишта, романот се движи напред и назад меѓу овие восхитувачки и незаборавни ликови, откривајќи ги слоевите тага, каење и љубов што ги поврзуваат.
Градот што се викаше Солис е маестрален, напнат и мрачно смешен, но истовремено и длабоко човечен роман.