Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Завеса : последниот случај на Поаро

304 ден380 ден

Херкул Поаро и капетанот Хејстингс повторно се наоѓаат во Стајлс корт, местото на нивната прва средба, каде што заедно го решаваат и својот прв случај на убиство, но овој пат средбата значи заокружување на нивната кариера во борбата против злосторствата и воедно нивно последно видување.

Иако остарен, неподвижен, со артритис и болки, навидум се чини дека Поаро внатрешно е потполно здрав, односно дека неговиот величествен ум сè уште совршено функционира. Но, откако ќе посочи дека во пансионот каде што престојуваат со Хејстингс има петкратен убиец, а сите гости се мирољубиви ликови, се поставува прашањето дали тој можеби веќе ја губи вештината за дедукција? Во секој случај, Поаро смета дека треба да се спречи ново убиство пред да се спушти завесата за крај...

Романот „Завеса: Последниот случај на Поаро“ е објавен во 1975 година, но е напишан многу порано, за време на Втората светска војна. Агата Кристи овој роман го пишува како подарок за нејзината ќерка и го чува во банкарски сеф повеќе од 30 години. Од литературен аспект, ова се смета за едно од нејзините најдобри дела, како еден мошне возбудлив, прониклив и вешто смислен заплет со драматичен крај.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026