Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Дервишот и смртта

450 ден600 ден

Ахмед Нурудин е дервиш, припадник на мевлевискиот ред, шејх на теќе во една провинциска касаба.


Кога неговиот помлад брат Харун е затворен, се обидува да ја дознае причината за неговото затворање. Тоа е причината за сѐ што се случува понатаму и почетокот на трансформацијата на ликот на Ахмед Нурудин.


Во првиот дел, пред почетокот на трансформацијата, Ахмед Нурудин е ашик-дервиш, вљубеник во Бога. Сѐ што се случува во неговиот живот го смета за божја волја, па и несреќата што го снаоѓа. Во вториот дел од романот тој од божји слуга се претвора во Бог. Решава сам да ја спроведе божјата правда, притоа не бирајќи ги средствата. Тоа го оддалечува од неговиот внатрешен свет на молитвата и на медитацијата и го доближува до јавниот простор на општеството, во кој си има работа, пред сѐ, со луѓе што немаат духовна длабочина.


Влегува во свет што му е туѓ и во кој самиот е туѓинец. За иронијата да биде целосна, тој станува кадија на местото на стариот кадија, кој е убиен во побуната на рајата што ја предизвикува самиот Ахмед. Сега дервишот, кој беше вљубеник во Бога, навистина станува судија и дадена му е шанса да ја дели човечката правда. Не го издржува притисокот, не се снаоѓа во светот во кој не припаѓа. Обвинет е дека го ослободува својот најдобар пријател, иако тој е, во суштина, негов предавник. Луѓето го слават како херој, а тој умира со дамка на срцето.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026