-
Вашата кошничка е празна!
Мирабела во двојна беља
280 ден350 ден
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Хариет Мункастер
- Достапност: На залиха
Мирабела е посебна бидејќи е поинаква.
Мајка ѝ е вештерка, татко ѝ е виленик, а таа е по малку од двете!
Мирабела и нејзиното семејство одат на одмор, а таа им ветува дека ќе биде најпослушна на светот. И навистина го мисли тоа... Одморот е фантастичен, но кога Мирабела запознава нова другарка по име Беатрикс, открива и нешто страшно – Беатрикс е уште попалава од неа!
Со волшебни напивки што не завршуваат баш како што треба, со змејови без контрола и тепачки со храна, ќе поверува ли нејзиното семејство дека овој пат Мирабела (главно) е невина или во прашање е само двојна беља?