-
Вашата кошничка е празна!
Во еден провинциски германски град, на крајот на дваесетиот век, момчето по име Томас Ман расте со конзервативен татко, кој многу внимава на пристојноста, и мајка Бразилка, која е непредвидлива. Младиот Ман ги крие своите уметнички аспирации од неговиот татко и своите хомосексуални желби од сите.
Тој е импресиониран од едно од најбогатите и најкултурни еврејски семејства во Минхен и се жени за нивната ќерка Катја. Имаат шест деца. На одмор во Италија копнее по момче што ќе го види на плажата и ја пишува „ Смрт во Венеција“. Тој е најуспешниот романсиер на своето време, добитник на Нобеловата награда за литература, јавна личност чиј приватен живот останува таен.
„Магионичарот“ е интимен и неверојатно сложен портрет на Томас Ман, неговата прекрасна и сложена сопруга Катја и на времињата во кои живееле тие - Првата светска војна, подемот на Хитлер, Втората светска војна, Студената војна и егзилот.