-
Вашата кошничка е празна!
Животот на една осумнаесетгодишна девојка одеднаш целосно ќе се промени кога ќе сфати дека ја демне и ја прогонува локален четириесет и тригодишен насилник, познат во нејзината средина како Млекарот. И покрај тоа што само неколкупати „случајно“ се среќаваат на улица, во квартот каде што живее девојката почнуваат да се шират озборувања за неа и Млекарот, па набргу сите нејзини пријатели, соседи и целото семејство се свртуваат против неа, без да постои реална причина за тоа.
Опишувајќи средина во која заедницата живее во постојана политичка тензија, во која сите се поделени на групи и не постојат неутрални, во која насилството е прифатено и пожелно кога се спроведува против „другите“, Ана Бернс во романот „Млекарот“ создава напната атмосфера на интриги, а во нејзиниот центар поставува една млада и исплашена, но сепак храбра девојка.
„Атмосферата во ‘Млекарот’ потсетува на делата на Стерн и на Бекет, но романот несомнено има своја посебна енергија, свој впечатлив глас. Иако навидум зборува за љубовните проблеми на една тинејџерка, книгата всушност е одек на низа политички и социјални случувања кои го потресуваат нашето современо општество.“ - Гардијан