-
Вашата кошничка е празна!
Телото на седумнаесетгодишната Ана е најдено распарчано и спалено на празен плац во тивок кварт на Буенос Аирес. Истрагата се затвора како сексуално злосторство без да се најдат виновниците и од тој момент нејзиното семејство од средната класа полека тивко почнува да се распаѓа. Единствениот што не се предава и продолжува да ги бара одговорите е татко ѝ Алфредо, кој вели: „Вистината што ни била ускратена боли до последниот ден.“
Приказната се случува триесет години по убиството и е раскажана од перспективата на седум ликови, преку кои можеме да ги реконструираме настаните, да откриеме што точно се случило и кој можел да изврши толку ужасен чин. На крајот, вистината излегува на видело благодарение на љубовта и упорноста на таткото.