-
Вашата кошничка е празна!
"Кога неодамна се занимавав со јубилеите во 2024, сфатив дека се навршува и четврт век од моето прво објавено книжевно дело. Расказот „Симбиоза“ се појави во списанието „Студентски збор“ во март 1999 година. Расказот е потценета форма, но истовремено форма со неверојатен потенцијал. Со оваа секавична и фриволна дефиниција секој автор би сакал и самиот да се идентификува, и затоа сметав дека една ваква збирка е најсоодветна за да го обележам овој пишувачки јубилеј со читателите. А, кога ќе кажам форма со неверојатен потенцијал, меѓу другото, мислам и на ова: најкратката од овие прози има десет збора, а најдолгата речиси четири илјади зборови." - Жарко Кујунџиски