Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Чуварка на семиња

473 ден630 ден

"Чуварка на семиња" е незаборавен роман што опфаќа неколку генерации и ги следи борбата на едно дакотско семејство да го зачува својот начин на живот и жртвите што тоа ги поднесува за да го заштити она што е најважно...

Розали расте во шума со својот татко, Реј, поранешен професор по физика што ѝ раскажува приказни за растенијата, за ѕвездите и за потеклото на староседелското племе Дакота. Едно утро, Реј заминува да ги провери своите стапици и веќе не се враќа. На Розали ѝ кажуваат дека нема други роднини и ја испраќаат на згрижување во едно семејство во блискиот град Манкејто – каде што повлечената тинејџерка занесена по книги се запознава со бунтовната Габи Миротвор и помеѓу нив се раѓа пријателство што ги надминува проблемите што тие две ги имаат наследено.

Еден зимски ден, по многу години, Розали се враќа во домот од детството. Како вдовица и мајка, претходните дваесет години таа ги поминува на фармата на својот сопруг белец, наоѓајќи утеха во градината, и покрај тоа што на фармата првин ѝ се заканува суша, а потоа предаторска хемиска компанија. Тагувајќи, Розали почнува да му се спротивставува на минатото и тргнува во потрага по семејство, идентитет и заедница на кои конечно ќе може да им припаѓа. Во текот на сето тоа, таа сфаќа што значи да се биде потомка на жени со челични души – жени што низ долгогодишните тешкотии и загуби, низ војните и подмолната траума на училишните интернати, успеале да ги заштитат своите семејства, традициите и една скапоцена јама со семиња.

Вткајувајќи ги заедно гласовите на четири неповторливи жени, ова е прекрасно раскажана приказна за повторното будење, за сеќавањето на нашата првобитна врска со семињата, a, преку нив, и со нашите предци.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026