Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Заробеништво

413 ден590 ден

Во првиот век од новата ера, токму во периодот кога се одвива распнувањето на Исус Христос, еден млад Евреин по име Ури ќе се најде вплеткан во низа неочекувани настани кои ќе го променат текот на историјата на неговиот народ. Иако Ури е болезлив и се интересира само за книги, ќе биде принуден да го напушти својот дом во Рим и да тргне на патување во Ерусалим и во Александрија, кое целосно ќе го пресврти неговиот живот.

„Заробеништво“ е вешт спој од историски и авантуристички роман кој во детали го отсликува времето во кое се одвива дејството, но исто така одлично ги доловува психолошките длабочини на главниот лик. Историските ликови и случувања се извонредно преплетени со фикцијата, што сведочи за вештината на авторот да ја употреби имагинацијата за да им додели на фактите комплексност и нови толкувања.

„Неверојатно е како фасцинантноста на историските ликови во книгата (како Калигула, Понтиј Пилат или Исус) е еднаква на онаа на ликовите што се измислени. Ѓерѓ Шпиро маестрално гради уникатен поглед кон бурната историја преку очите на неговиот скромен, обичен, секојдневен јунак.“

„Монументално дело пронижано со историски детали и изградено врз возбудлив и интригантен заплет. Сосема оправдано, „Заробеништво“ важи за едно од најважните дела во современата европска литература.“ - Вол стрит џурнал

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026