-
Вашата кошничка е празна!
Како пердув на ветрот
300 ден400 ден
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Софија Лундберј
- Достапност: На залиха
Понекогаш, еден ден може да обележи цел еден живот...
На 12 август 2019 година Виола добива неочекуван повик од Лили, нејзина поранешна сосетка и најдобра пријателка. Сега двете имаат по осумдесет години и Лили е на смртна постела. Животот ги разделил во младоста, но никогаш не престануваат да мислат една на друга.
Длабокоемотивниот роман на Софија Лундберј ги прикажува животите на Виола и Лили така што ги потсетува на истиот, значаен датум, од 1950-тите до денес. Кога Виола и нејзините ќерки итно заминуваат за Париз за да ја видат Лили за последен пат, прашањето што со години ја измачува Виола најпосле добива одговор...
„Како пердув на ветрот“ е приказна за бесмртното пријателство, љубовта и џезот.