Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Возот за Самарканд

450 ден600 ден

Во 1923 година болшевичката влада одлучила околу 150 000 напуштени деца итно да бидат евакуирани во провинции во кои имало повеќе храна и каде што можеле полесно да преживеат. 

По граѓанската војна во Русија, искусниот командир Деев и строгата комесарка Бела организираат евакуација на петстотини бездомни деца од Казањ за Самарканд. Деев, како современ Одисеј, Херкул или Јасон, му се спротивставува на апсолутното Зло, кое се појавува во разни облици: глад, смрт, болест или убиства. Во очите на децата, во текот на шесте недели од патувањето, се нижат возбудливи и опасни авантури низ непрегледните пространства што треба да ги изминат. А патот е немилосрден и се претвора во лавовска битка за секој залак храна, за секоја голтка вода – вистинска битка за живот. Илјадниците изминати километри ќе го сменат животот на сите патници, а книгата која изобилува со потресни и ведри сцени, гарантирано ќе допре до срцата на сите читатели. 

Гузел Јахина уште еднаш го докажува својот талент за раскажување, навлегувајќи во болните теми од минатото на Русија, што несомнено се одразиле и на современото општество. Вештината на нејзиното маестрално пишување јасно се одразува на секоја страница на романот кој зрачи со животна сила.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026