-
Вашата кошничка е празна!
Без никакво објаснување тринаесетгодишното девојче е оттргнато од удобноста на животот како ќерка единица во добро ситуирано семејство и вратено кај сиромашните биолошки родители. Во еден ден губи сѐ – удобниот дом покрај плажата во градот, пријателите и безусловната родителска љубов од луѓето што до тој миг ѝ се единствените родители. Одеднаш се наоѓа в село меѓу непознати луѓе, кои не покажуваат никаква срдечност ниту му се радуваат на нејзиното враќање.
„Вратената“ започнува еден сосема нов живот, исполнет со борба, одрекување и одмерување на силите со жената што ја родила.
Збунетоста на „Вратената“ е потресна, токму како и нејзиното истрајно убедување дека нејзините најмили ќе ја увидат грешката и еден ден ќе се вратат по неа. Моќен роман за љубовта и напуштањето, мачното привикнување и емоционалното созревање.