-
Вашата кошничка е празна!
Животот на Софија и Марко, и на нивното мало синче Тадеј, по случувањата од романот „Продолжи да одиш“, изгледа како од бајка. Тројцата се многу среќни и животот им е исполнет со весели моменти, забави, прослави и патувања. Животот го продолжуваат во Австрија, каде што живеат и работат и сè е прекрасно за нив тројца. Но, многу често постои едно „но“, а овде тоа „но“ е една вечер кога целиот живот им се превртува, кога доаѓа до тотален хаос во нивниот живот, кога Марко е тешко повреден, а малиот Тадеј киднапиран. Софија е оставена сама во очај да се бори и сфаќа дека животот е како кула од карти, ако само една „карта“ се повлече, може целата кула да се сруши...