-
Вашата кошничка е празна!
Драматична приказна за едно обично семејство, кое една ноемвриска ноќ е разделено од големата историја. Марија Хајна е приведена за време на демонстрациите против власта и осудена на дваесет години затвор. Знае дека нема да ги види своите деца како растат, а во живот ја одржуваат само писмата. Паралелно со нејзината приказна се одвива и приказната за девојчето Магдалена, кое е одземено од родителите и сместено во „санаториум“. Нивните приказни еден ден ќе се сретнат, но сосема поинаку од начинот на кој тие очекуваат и копнеат...