-
Вашата кошничка е празна!
По дванаесет години брак, врската на Ванда и Алдо се распаѓа поради неверство. Сепак, зад нивната разделба се кријат многу повеќе мрачни тајни отколку што се чини на прв поглед. Соочувањето со сиот притаен гнев, со насобраните разочарувања и со желбата за независност и слобода целосно ги пресвртува животите на Ванда, Алдо и нивните две деца. Приказната е мајсторски изградена и преку фрагменти ја раскажува долгата историја на распадот и повторното обединување на едно семејство.
Доменико Старноне во „Врвки“ ни подарува моќен приказ на бегството од себеси и на малите одлуки кои целосно и неповратно ни ги менуваат животите.
„Силна и остра приказна за љубовта, семејството и последиците кои ги трпиме кога под притисокот на секојдневната рутина лесно ќе донесеме погрешна одлука.“ - Гардијан
„’Врвки’ е роман смислен како сложувалка, генијално конструиран и изграден како архитектонско ремек-дело.“ - Њујоркер
„Краток, брилијантен и незаборавен роман.“ - Тајмс