Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Равенка на стравот

225 ден300 ден

"Ако можете да ја замислите сликата на која гавранот на Едгар Алан По очајнички се обидува да излета од мрачниот тунел на Ернесто Сабато, тогаш го добивате егзистенцијалниот и психолошки профил на Калина – млада, талентирана сликарка, чие учество на ликовната колонија во луксузната вила на уметникот Емилијан Де Ремарос, во Сиена, ненадејно ќе се претвори во длабока животна драма на себеоткривање, себеспознавање и борба со сопствените пороци. „Равенка на стравот“ е храбро соочување на индивидуата со потиснатите морални дилеми и стравови во себе; талкање низ мисловниот лавиринт на личноста во обид да се победи самотијата и да се оствари личната слобода и среќа. Како што раката на сликарот вешто ги нанесува боите врз белото платно, така раскажувачот создава магично-синестезичен свет од бои, звуци, мисли, перцепции, во кој сепак, последниот збор ѝ е посветен на љубовта." - Трајче Стамески

"Романот „Равенка на стравот“ е приказна-сведоштво за творечката еволуција на младата Верица Мукоска, како во насока на изградба на движењето и концизноста на мислата и нејзиниот јазичен израз, така и во поглед на кристализација на самите наративи, на две приказни – во Сиена и во Љубаништа, кои се надоврзуваат како голема и мала премиса." - Стефан Марковски

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026