-
Вашата кошничка е празна!
Никогаш повеќе нема да ме видиш
329 ден470 ден
- Издавачка куќа: Книгохоличари
- Автор: Лесли Пирс
- Достапност: На залиха
Кога сопругот на Бети се враќа од војна тешко повреден и неприсебен со физчки и психички лузни, тој повеќе не е човекот што таа некогаш го сакаше. Нејзиниот живот станува тежок и горчлив, таа знае дека нејзиниот брак е осуден на пропаст. Кога разорна бура го зафаќа нивното мало рибарско село и го загрозува нејзиниот живот, таа на тоа гледа како можност – да оди што подалеку каде што никој не ја познава и да започне нов живот одново.
Искористувајќи ја ситуацијата се впушта во бегство вооружена со нов идентитет, без пари и сама. Набрзо потоа открива дека започнувањето одново е многу потешко отколку што можеше и да замисли. Таа се наоѓа на крстопат помеѓу минатото и сегашноста – приземноста и мечтата. Но, дали сепак конечно заслужи да ја пронајде среќата и мирот по кој копнееше?
Историска сага за љубовта и омразата, простувањето и храброста, на една жена која успева да ги надмине животните бариери и да пробие нови патишта кои водат директно до успехот...