-
Вашата кошничка е празна!
Пред три години Сага Бауер добила заканувачка разгледница ПАЈАК, со опис на пиштолот и девет бели куршуми – од кои еден е наменет за нејзиниот партнер, инспекторот Јона Лина. Праќачот напишал дека Сага е единствената што може да го спаси. Сага му ја покажала разгледницата на Јона, но времето минувало, а заканата избледела како бесмислена провокација. Се досега.
Најдена е вреќа со распаднато тело како виси од дрво кај Капелскер, а на местото на убиството најдена е избелена чаура. Полицијата наскоро сфаќа дека суровиот сторител им дава можност, преку комплицирани загатки, да ја прекинат серијата убиства. Јона Лина и Сага Бауер, рамо до рамо се обидуваат да ја решат загатката и да ги спасат означените жртви. Но, се чини дека секогаш стигнуваат предоцна. Ловот станува се повеќе личен и се понеизвесен. Овој сериски убиец можеби е невозможно да биде запрен…