-
Вашата кошничка е празна!
Читачот на трупови
525 ден700 ден
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Антонио Гаридо
-
Достапност:Онлајн: На залихаВо книжарница: На залиха
Мртвите секогаш ги издаваат своите убијци...
Во средновековна Кина само најпаметните судии успевале да ја добијат титулата „Читач на трупови”. Тие припаѓале на елитата форензичари во судската медицина, по цена и на сопствениот живот имале задача да го разрешат секое злосторство и да обезбедат соодветна казна. Чи Сунг бил еден од првите меѓу нив.
Инспириран од историска личност, Гаридо раскажува извонредна приказна за млад човек со скромно потекло, чија љубов кон науката, страста и решителноста ќе го одведат од работата како гробар на Полињата на смртта - во Линан, престижната академија на династијата Минг. Чи Сунг ќе стане еден од најдобрите студенти и со своите пионерски методи ќе стекне голем успех кој ќе предизвика завист кај колегите. Принуден да се крие како бегалец, ќе ја разбуди љубопитноста на царот и наскоро ќе биде поканет да учествува во истрагата за неколку сурови злосторства кои се закануваат да го уништат кралскиот двор.
Ова е исклучително возбудлив историски трилер кој се одвива во егзотичната и раскошна средновековна Кина, изобилува со историски детали во кои амбицијата и омразата одат рака под рака со љубовта и смртта.
„Роман што може да се прочита во еден здив, добро осмислен, внимателно истражен, неверојатно детален и крајно возбудлив." - Радио Онда Церо