Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Формула за сродна душа

368 ден490 ден

Да си ја пронајдеш сродната душа преку ДНК?

Џес Дејвис е волшебник кога станува збор за обработување на податоци и статистики, но ниту една пресметка не може да ја убеди да се врати во светот на љубовното состанување. На крајот на краиштата, нејзиното поранешно момче одлучило дека не е „скроен да биде татко“ пред да се роди нивната ќерка.

Но, тогаш, Џес дознава за „Генетски Сојузник“, новата компанија за стројништво врз база на ДНК, која предвидува дека засекогаш ќе го промени љубовното состанување. Да си ја пронајдеш сродната душа преку ДНК? Веродостојноста во бројките: Е тоа е нешто во кое Џес се разбира.

Барем така си мислеше, сѐ додека нејзиниот тест не покаже неверојатен резултат од деведесет и осум проценти совпаѓање со уште една личност од базата на податоци: основачот на „Генетски Сојузник“, д-р Ривер Пења. Оваа бројка таа едноставно не може да ја прифати, затоа што таа веќе го познаваше вообразениот и тврдоглав човек кој без сомнение не е нејзината сродна душа. Но, од „Генетски Сојузник“ имаат предлог: Запознај го подобро, а ние ќе ти платиме.

Џес, која едвај скрпува крај со крај, не е во позиција да ги одбие и покрај сомневањето во врска со проектот и фактот што Ривер не ѝ се допаѓа. Додека двојката ја влечкаат од еден настан на друг, Џес почнува да сфаќа дека во научникот и науката за пронаоѓање сродна душа, се крие нешто повеќе отколку што мислела.

Формулата за сродна душа докажува дека рамнотежата меѓу судбината и изборот никогаш не може да биде пресметана.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026