Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Книжевна конференција

161 ден230 ден

Краткиот роман „Книжевна конференција“ е објавен во 1997 година и претставува спој на клучните елементи кои се во фокусот на творештвото на Сесар Аира: магичниот реализам, фантастиката, книжевната пародија, интертекстуалноста и (авто)иронијата. Сесар, главниот лик во романот, истовремено е писател, преведувач, генијален научник и специјалист за клонирање. Неговата генијалност ја опишува првата епизода од романот, напишана во манир на јужноамериканскиот магичен реализам, во која Сесар решава една неверојатна легендарна загатка и стекнува огромно богатство. Втората епизода од романот жанровски прескокнува во областа на научната фантастика кога Сесар решава да загосподари со светот така што ќе клонира еден славен мексикански писател.

Лесното движење меѓу жанровите, преплетувањето на приказните, инвентивноста во постапките на раскажувањето и луцидноста на суптилниот хумор, кои се забележуваат во „Книжевна конференција“, несомнено потврдуваат зошто Аира важи за еден од најинтригантните и најиновативните современи автори.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026