Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Сакам, значи постојам

304 ден380 ден

Сакам во себе содржи цел еден друг свет на можам! Тоа e оној внатрешен импулс на проактивност за подобрата јас, подобар живот, подобар свет.

Се движам по тркалото на животот... Застанувам само пред сопките на љубовта, болката, слободата, емпатијата, родителството, дискриминацијата, егото и интегритетот. Сепак... се движам бунтовно и храбро кон неправдата во светот, сиромаштијата на духот, човековите судбини и човековите права, женската слобода, консумеризмот, технолошкото ропство, културата на шопинг-центри, проституцијата на уметноста, но и проституцијата на духот. И така, качена на велосипедот на животот, го барам ѕвончето со кое ќе свирнам за промена! Некогаш тивко, некогаш гласно, но секогаш со верба дека овој комплициран свет може да се спаси со добрина и љубов.

По трнливиот пат на мудроста, не знам дали успеав да ги „фатам“ состојбите на невралгичните премрежја на нашето време и на нашите души, но се обидов. Она што ми беше неочекувано во целиот процес е што сфатив дека да се биде набљудувач на најчовечкото во себе е уште потешко отколку да се биде набљудувач на времето и светот.

"Сакам, значи постојам" е духовно патување од и кон себеси. Качи се на тркалото на животот!

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026