Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Требаше да си одиш

154 ден220 ден

Во „Требаше да си одиш“ еден млад сценарист, заедно со својата сопруга и со петгодишната ќерка, оди во осамена планинска куќа за да го доврши сценариото за својот нов филм. Сосем неочекувано, младата брачна двојка поминува низ првата голема криза, но тогаш во куќата ќе почнат да се случуваат чудни работи поради кои одеднаш се изместува геометријата на реалноста…

Очигледно инспириран од култниот филм „Сјаење“ на Стенли Кјубрик (и истоимениот роман на Стивен Кинг), Даниел Келман вешто покажува како врвната книжевност може да ја обнови својата инспирација и свежина преку поигрувањето со жанровите.

„Иако најкраток, ‘Требаше да си одиш’ веројатно е најгусто и најдлабоко напишан текст на Келман, каде авторот прави спектакуларни резови од хумор до ужас и ги тестира границите на книжевноста.“ – The Standard

„Келман е волшебник на амбисот, вечно застанат на тенката граница меѓу вистината и фантастиката, од каде може да ѕирне во најскриените агли на потсвеста.“ – Berliner Zeitung

„’Требаше да си одиш’ е книга која нè потсетува колку големи можат да бидат малите уметнички дела.“ – Frankfurter Allgemeine Zeitung

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026