Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Катананхе

266 ден380 ден

Сопружниците Лесја и Олекса, заедно со ќерката тинејџерка Таја и кучката Дина живеат во обична зграда со цветни леи пред влезовите и тесни балкони од кои во летните вечери е пријатно да се слуша градот и да се гледа како ноќта се спушта врз него. Нивниот живот исто така изгледа обичен, дури и банален, сè додека Олекса не пропадне во вителот на прекумерната страст, која се заканува да уништи и да затрупа сè — воспоставените навики, меѓусебните чувства, па дури и претставите за самите себе.


Приказната на почетокот се чини секојдневна, но подоцна, со секој нов пасус се затегнува како пружина, се исполнува со напнатост и за само неколку десетици страници се урива врз читателот како лавина. А, таа книжевна лавина е толку мајсторска, толку префинета и прекрасна, што можеме само восхитено да уживаме во неа.


Во срцевината на романот лежи митот за Актеон. Кај Андрухович, овој древен мит станува современа метафора: погледот како акт на љубов и уништување, блискоста како откривање на туѓа и сопствена голотија, вината што следи кога таа границата ќе се премине. Андрухович вешто го поставува прашањето: што се случува кога конечно ќе се погледнеме вистински – и дали можеме да преживееме по тоа гледање?


Катананхе — полско цвеќе што цвета и на најсувата почва — станува симбол на таа можност: да се распаднеш и повторно да никнеш, да сакаш, и покрај сè.

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026