Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Трафикант

203 ден290 ден

„Трафикант“ е топла и потресна приказна за необичното пријателство меѓу младиот Франц Хухел и професорот Сигмунд Фројд во месеците пред почетокот на Втората светска војна. Франц се доселува во главниот град на Австрија и наоѓа работа во една од виенските трафики. Фасциниран од привлечноста на новиот живот во големиот град, младичот истовремено се соочува и со сè посилниот замав на нацизмот.

Зеталер мајсторски ја опишува Виена во 1937 година, оживувајќи ги сцените од градскиот живот и внесувајќи цела галерија незаборавни споредни ликови. Токму преку приказните за овие навидум неважни, споредни луѓе зафатени од вителот на историјата, Зеталер вешто ја испишува својата критика на национализмот и својата пофалба на храброста на сите оние што имале сила да му се спротивстават.

„’Трафикант’ е прекрасна и трогателна приказна за младоста во мрачни времиња, приказна за мудроста, храброста и непокорноста пред злото. Прекрасно дело кое сосема заслужено ги добива пофалбите од критиката и симпатиите на читателите низ светот.“ - Дејли мејл

„Роберт Зеталер брилијантно ги преплетува трагедијата и хуморот во драматичен горчливо-сладок приказ на судирот меѓу младешките идеали и безмилосната реалност.“ - Гардијан

„Со голема леснотија и прецизност Зеталер успева да опише како созревањето и стекнувањето мудрост го збогатуваат, но исто така и го усложнуваат животот.“ - Шпигел

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026