-
Вашата кошничка е празна!
Соништата на татко ми
203 ден290 ден
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Евалд Флисар
- Достапност: На залиха
Необичните тинејџерски денови на Адам стануваат уште понеобични кога ќе ја запознае Ева и ќе се вљуби во неа. Она што почнува како младешка љубовна приказна одеднаш се преобразува во мистерија кога Адам почнува да сонува чудни соништа, толку силни и живи што не може да ја повлече границата меѓу нив и реалноста. Растргнат меѓу сонот и јавето, Адам сè повеќе се сомнева во својот здрав разум…
„Соништата на татко ми“ е хибриден роман кој постојано се трансформира – од метафизички трилер до психоаналитичка пародија, и од надреалистички кошмар до семејна сага. Преполн со симболика и алузии, ова е еден од најдобрите романи на еминентниот словенечки писател Евалд Флисар.
„Соништата врз кои се потпира структурата на овој роман се единствената сигурна трага за дешифрирање на мистериите на семејниот живот, сексуалноста и идентитетот, кои ги истражува овој бескомпромисен роман.“ - Несесери фикшн
„Преку зачудувачки сцени и суптилни психолошки портрети, Флисар храбро ги истражува чудните начини на кои функционира човековата психа.“ - Д’ајриш тајмс
„Книга што има сила на мит: открива суштински вистини на ненаметлив и алегоричен начин, раскажува приказна за доброто и злото и за нашата тенденција почесто да го избираме второто.“ - Дело