-
Вашата кошничка е празна!
Самоволно постапување
210 ден300 ден
- Издавачка куќа: Артконект
- Автор: Лена Андерсон
- Достапност: На залиха
Естер Нилсон е разумна личност која работи разумна работа и има разумна љубовна врска. Но еден ден ќе открие дека разумот понекогаш може да биде изворот на нашите најголеми заблуди. Сè што треба за да се случи тоа е човек да се заљуби.
Романот „Самоволно постапување“ е награден со највисокото книжевно признание во Шведска, наградата „Аугуст“. Иако носи поднаслов „Роман за љубовта“, Самоволно постапување е многу повеќе од љубовен роман: тој е суптилна психолошка студија за сите лица на љубовта, од навидум невиниот флерт до опсесивната деструктивност на неконтролираната страст.
„Книга која му дава сосем друго значење на старото клише дека љубовта е слепа.“ - Гардијан
„’Самоволно постапување’ е изненадување за читателот. Започнува со навестување на предвидлив заплет, за потоа да се разлее во низа неочекувани пресврти. Маестрално напишан психолошки роман за љубовта.“ - Њујорк тајмс
„Интелигентен и искрен роман за љубовната опсесија. Понекогаш е застрашувачки колку многу можеме да се препознаеме во постапките на ликовите на Андерсон.“ - Њујоркер