Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Елин, разно

228 ден325 ден

Вистински значајните нешта во нашите животи можат да се соберат само во две-три кутии. Ако навистина имаме среќа, на крајот во тие кутии ќе има само неколку спомени кои сакаме да ги заборавиме засекогаш. Дали е подобро да се соочиме со себе или да ризикуваме да се изгубиме себеси?

Преплетувајќи приказни за две исклучителни жени, храбриот роман на младата исландска книжевна ѕвезда, Кристин Еириксдотир, зборува за големите трауми и малите животни радости, за сеќавањето и заборавањето на најважните мигови од животот, за неправдата која е проткаена низ нашите животи и начините да ја надминеме, или барем да научиме да живееме со неа. „Елин, разно“ е исклучително актуелно дело кое ги допира горливите прашања со кои сме принудени да се соочиме во нашиот сè попроблематичен свет.

„Главните теми во делото на Кристин Еириксдотир се копнежот по љубов и разбирање, како и борбата против излоацијата, осаменоста, насилството и стравот. Романот ‘Елин, разно’ ги обединува сите овие мотиви. Во него јасно го слушаме моќниот глас на една млада жена, преточен во комплексен и густ уметнички текст.“ - Извадок од образложението на номинацијата за наградата за книжевност на Нордискиот совет

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026