Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Невидливите

259 ден370 ден

На малиот остров Барој, зафрлен меѓу норвешките фјордови во близина на Поларниот Круг, живее само едно петчлено семејство. За тригодишната Ингрид островот е рајска градина, огромна и зачудувачка како универзум. За нејзиниот татко, Ханс, островот е место каде што целокупното постоење на човекот се сведува на борба против студот и гладот – борба што секогаш одново сите ја губиме.

„Невидливите“ е многуслоен, моќно напишан роман што личи на бура: преку едноставно и ненаметливо раскажување, полека ја собира својата сила, за потоа да ја излее во една точка и да го преврти светот и на ликовите и на читателот. Ова веројатно е најдоброто дело на Рој Јакобсен и секако, еден од најмаркантните современи норвешки романи.

„Мирниот островски живот на едно норвешко семејство е доловен преку префинето, возвишено раскажување… ‘Невидливите’ е искрена, брилијантна книга.“ - Financial Times

„Храбро дело кое ја истражува границата меѓу слободата и судбината. Истовремено, тоа е и фасцинантен портрет на едно одамна изгубено време, токму како што и му прилега на едно ремек-дело посветено на детството. “ - Guardian

„Совршено осмислен и прекрасно напишан роман. Иако Јакобсен своите ликови ги гради лаконски и преку скици, тие се неверојатно впечатливи и незабележливо го вовлекуваат читателот во својот мал универзум.“ - New European

„’Невидливите’ е несомнено еден од најважните романи во норвешката книжевност.“ - Irish Times

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026