Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна!

Кошничка
  • Вашата кошничка е празна.

0 Листа на желби
Најави се
0 Кошничка

Пластично трособје

196 ден280 ден

Една чешка сексуална работничка решава со читателот на овој роман да ги сподели своите размислувања за професијата што ја работи, за стареењето, за влијанието на новите технологии врз сексот и за суштината на материјализмот. Својот светоглед го пренесува преку скици за сценарио за документарна телевизиска серија, за која искрено и наивно сонува дека еден ден ќе биде снимена.

Исполнувајќи го површното секојдневие на својата протагонистка со фетишизам, насилство, хумор и чуден, ама неочекувано успешен, спој од вулгарен и поетски јазик, Петра Хулова на само стотина страници успева да создаде свет во мало преку текот на свеста на својот лик. „Пластично трособје“ е една од најнаградуваните современи чешки книги: последно во низата признанија е наградата на Англискиот ПЕН центар за најдобар превод во 2017 година.

„’Пластично трособје’ е застрашувачки искрен роман – не е лесно да ви се допадне, ама не може да не го цените.“ - LA Review of Books

„Може да се каже дека темата на сексот во книгата на Петра Хулова има три димензии: од игривост, преку сексуалните фантазии, се движи кон социјалниот аспект. Без морализирање. ‘Пластично трособје’ е фасцинантно книжевно достигнување.“ - Times Literary Suplement

„Кога би можело оваа книга да се означи со еден збор, што не би го употребила ни „елитната“ проститутка која е опишана во неа, тогаш тоа е зборот – демаскирање.“ - Die Zeit

Напиши коментар

Може ќе ви се допадне...

Бесплатна достава

За нарачки над 1200 ден

Илјадници книги на клик од вас

Брза испорака за 1-3 дена

Програма за лојалност

Постојан попуст за лојални потрошувачи

Сите бестселери на едно место

Над 10.000 книги достапни на залиха

Сите права се задржани. Bookland
БУКЛЕНД ДОО © 2026