-
Вашата кошничка е празна!
Шумата во домот
273 ден390 ден
- Издавачка куќа: Муза
- Автор: Алена Морнштајнова
-
Достапност:Онлајн: На залихаВо книжарница: На залиха
„Велите дека треба да бидам среќна. Велите дека морам да се научам на тоа. Велите дека заслужувам да бидам среќна. Добро, ќе ви кажам нешто за себе.“
Вака почнува искрената и сурова исповед за животот на едно деветгодишно девојче, кое расте со своите мајка, баба и дедо во селската куќа опкружена со шума. На прв поглед куќата и шумата се како од бајките. Сепак, мирисот на шумата се воврел во сите пукнатини на куќата, со секој ден шумата сѐ повеќе владее со животите на сите ликови, а во куќата влегува сѐ помалку светлина.
„Сакав да напишам роман за тоа колку е тешко да ги разликуваш вистината и лагата и да му се спротивставиш на злото. Сакав да покажам како одредени избори, кои на набљудувачот му се чинат едноставни, може да бидат нејасни и непремостливи. На крајот, поради самата себеси сакав да објаснам зошто се случуваат таквите работи и зошто ни е тешко да се соочиме со нив.“ - Алена Морнштајнова