-
Вашата кошничка е празна!
Најчесто поставувани прашања
Да, имаме наша книжарница, која се наоѓа во Скопје, Центар, на ул. Петричка бр.6, кај Нова Железничка станица, веднаш спроти Поштата.
Книжарницата работи од понеделник до петок од 10:00 до 17:00 часот, и сабота од 10:00 до 15:00 часот.
Секако, може да направите онлајн нарачка, но да ги подигнете книгите од книжарницата. При креирање на нарачката потребно е да го наведете во забелешка вашето барање, во спротивно нарачката ќе ви биде испратена по карго.
Да, пакувањето на книгите за подарок е сосем бесплатно. Ги пакуваме книгите со украсна хартија, панделка и букмаркер по избор. Во нашата книжарница при наплата на пултот нагласете го вашето барање за пакување на книгите за подарок, а доколку нарачувате онлајн, во забелешка потребно е да наведете која од книгите би сакале да се спакува за подарок.
Картичката за лојални потрошувачи на Букленд е сосем бесплатна и со правото да ја поседувате се стекнувате со купување на минимум една книга од нашата книжарница или онлајн на веб сајтот. Во нашата книжарница при наплата на пултот, потребно е да нагласите дека сакате да ви се издаде картичка за лојалност. При онлајн нарачка, потребно е во забелешка да го наведете вашето барање, при што ќе ви се издаде и ќе ви се испрати со вашата следна нарачка. За повеќе информации околу програмата за лојалност на Букленд посетете ја страницата Програма за лојалност или контактирајте нè.
Да, сите книги што се на веб сајтот ги имаме на залиха. Доколку некој од насловите се потроши, истиот се исклучува од веб сајтот и повторно ќе биде достапен кога ќе ни стигне нова количина.
Да, може. Исконтактирајте нè и пишете ни за која книга конкретно сте заинтересирани. Доколку постои можност, ќе ја набавиме таа книга и ќе може да си ја нарачате на веб сајтот кога ќе биде достапна.
Да, бесплатна достава следува за нарачки над 1200 ден. Во спротивно, се наплаќа цена за достава 150 ден. Точниот износ е прикажан во кошничката при креирање на нарачката.
Доставата на нарачките е за 1-3 работни дена, во зависност од вашето место на живеење.
Не. Можете да направите нарачка на веб сајтот и без креиран профил, како гостин.
По успешното поднесување на нарачката ќе добиете потврда на екранот, а доколку сте внеле точна е-пошта, ќе добиете и потврда на мејл со деталите за нарачката.
Статусот на нарачката можете да го проверите во „Историја на нарачки“ во вашата корисничка сметка. Доколку е потребно, за повеќе информации и прашања можете да нè контактирате со бројот на нарачката.
Кликнете на „Заборавена лозинка“. Ќе ви излезе прозорче „Ја заборавивте лозинката?“, каде треба да ја внесете е-поштата поврзана со вашата сметка. Ќе добиете инструкции за поставување нова лозинка.
Да, враќањето е можно согласно условите и роковите за враќање. За да поднесете барање, контактирајте нè или пополнете го формуларот за враќање на веб сајтот.
Испратете ни ваше кратко претставување, како и вашиот предлог преку контакт-формуларот или на нашиот мејл info@bookland.mk. Нашиот тим детално ќе го разгледа предлогот и ќе ве исконтактира доколку постои можност за реализација.
За повеќе информации и прашања, контактирајте нè преку контакт-формуларот или на мејл info@bookland.mk.