-
Вашата кошничка е празна!
Соработки
Во Букленд веруваме дека книгите имаат уште поголема вредност кога стануваат дел од простори, проекти и идеи што ги поврзуваат луѓето. Отворени сме за соработка со компании, книжарници, културни организации, образовни установи, медиуми, креатори на содржина и сите што сакаат да придонесат кон развојот на читателската култура во нашата земја.
Секоја соработка се разгледува индивидуално. Наместо однапред подготвен модел, настојуваме да создадеме понуда што одговара на целите, клиентите и начинот на работа на нашиот соработник. Без разлика дали станува збор за продажба на книги, заедничка кампања, книжевен настан, промотивна активност или креативен проект, подготвени сме да разговараме и заедно да дојдеме со најдоброто можно решение.
Нашата цел е книгите да бидат подостапни на местата каде што луѓето учат, работат, патуваат, се дружат и го поминуваат слободното време.
Продажба и дистрибуција на книги
Доколку сте сопственик на продажен или угостителски простор и сакате да ја збогатите понудата со внимателно избрани книги, Букленд може да ви обезбеди избор на наслови што совршено ќе се вклопат во вашиот амбиент, според вкусот и желбите на вашите клиенти.
Можна е соработка со:
- книжарници и продавници за подароци;
- кафетерии, ресторани и хотели;
- образовни установи и културни центри;
- галерии и библиотеки;
- туристички и продажни објекти;
- веб продавници.
Нашата намера не е книгите само да бидат изложени, туку природно да се вклопат во просторот и приказната што ја создавате за вашите клиенти. Обезбедуваме навремена комуникација, брза логистика, поддршка при изборот и промоција на книгите, како и на вашиот бизнис.
Корпоративни нарачки
Потребен ви е подарок за вработените во вашата компанија или за деловните партнери? Го имаме совршеното решение за вас! Можеме да ви предложиме наслови што ќе одговараат на вашиот буџет, количината и пригодата. Постои можност секоја од книгите да биде посебно спакувана за подарок, со паделка и букмаркер.
Подготвуваме поголеми и корпоративни нарачки за:
- вработени, клиенти и деловни партнери;
- празнични пакети;
- конференции и настани;
- училишни и образовни проекти.
Книжевни и заеднички проекти
Не постои поубаво нешто од тоа да се соберат книгољупците на едно место и да дискутираат за она што најмногу го сакаат - книгите. Вратите на нашата книжарница се отворени за заедничка реализација на:
- промоции и средби со автори;
- книжевни разговори и клубови;
- детски работилници;
- саеми и фестивали;
- промотивни и културни кампањи.
Маркетинг и креатори на содржина
Во ерата на дигиталната технологија, начинот на кој живееме, работиме и комуницираме е целосно трансформиран. Па, така, и книгите повеќе не живеат само на полиците, туку и преку видеата, фотографиите, препораките што секојдневно ги споделуваме на социјалните мрежи.
Доколку сте креатор на содржина што има влијателен профил на социјалните мрежи, имате ангажирана публика, уникатен и препознатлив стил што привлекува внимание, креативни сте при создавањето видеа и фотографии, ве повикуваме да станете наш соработник во промоција на книгите и читањето во нашата земја.
Соработуваме со медиуми, инфлуенсери, bookstagram и booktok креатори на содржина, блогери, подкастери и други креатори кои сакаат да ни помогнат во целта да ги доближиме најголемите светски бестселери до македонските читатели.
Станете наш партнер
Имате идеја за соработка? Испратете ни кратко претставување на вас и вашиот бизнис, заедно со вашиот предлог на мејл info@bookland.mk. Ќе го разгледаме и ќе ве исконтактираме доколку постои можност за заедничка реализација.
Станете наш партнер во промоција на книгите и подигањето на читателската култура во Македонија.