-
Вашата кошничка е празна!
Повеќе од книжарница
Букленд не е само книжарница.
Тоа е заедница на страстни читатели, љубители на добри приказни и луѓе кои веруваат во моќта на пишаниот збор.
Уште од основањето на Букленд во 2020 година, стотици книгољупци веднаш препознаа место каде што можат да ги најдат сите најактуелни бестселери по најдобри цени.
Денес, нашето семејство брои илјадници задоволни читатели, кои постојано се враќаат во потрага по својата следна омилена книга.
Благодарни сме за секој еден од вас и за довербата што ни ја давате сите овие години. Горди сме на секоја книга што го пронашла патот од нашите полици до вашиот дом.
Добре дојдовте во Букленд – вашето омилено книжевно катче.
Љубовта кон книгите нѐ движи напред
Нашата огромна и искрена љубов кон книгите нѐ натера да влеземе во издаваштвото само неколку години по основањето на Букленд. Нашата цел е да донесеме некои од најактуелните светски бестселери на мајчин јазик, со врвен превод, каков што и заслужуваат нашите читатели.
Пример за тоа е првата книга во издание на Букленд - "Тајната аптека", светскиот хит од Сара Пенер, која до ден-денес е најпродаваната книга што воопшто се нашла на нашите полици.
Веруваме во моќта на пишаниот збор
Книгите нè поврзуваат, нè учат да размислуваме поинаку и ни помагаат подобро да го разбереме светот околу нас.
Тие можат да нè насмеат, да нè охрабрат, да нè утешат, да нѐ инспирираат и да нè однесат на места што никогаш претходно не сме ги посетиле.
Понекогаш потребна е само една добра книга за да започне нова идеја, нова навика или животна промена. Се стремиме кон тоа да му помогнеме на секој читател да ја пронајде книгата што ќе му овозможи да си го трансформира животот и да стане дел од неговата лична приказна.
Љубовта кон читањето започнува од детството
Нашата мисија отсекогаш беше да го промовираме читањето во Македонија и да создадеме место во кое книгите се лесно достапни за секого.
Посебно внимание им посветуваме на најмладите читатели, бидејќи веруваме дека љубовта кон книгата се стекнува уште од раното детство.
Со внимателно избрана детска литература, сакаме да ја поттикнеме нивната фантазија, љубопитност и желба за учење.
Читателот е секогаш на прво место
За нас, секој читател е подеднакво важен.
Ги слушаме вашите желби, ги следиме вашите интереси и постојано работиме на подобрување на нашата понуда и услуга.
Се стремиме Букленд да биде синоним за местото на кое секогаш со задоволство ќе се вратите кога барате нова книга, подарок за драга личност или едноставно, малку квалитено време за себеси.
Книги за секој читател
Во нашата книжарница и на веб сајтот со години внимателно создаваме препознатлива и разновидна понуда на книги за сите возрасти и интереси.
Кај нас можете да најдете современи романи, светски бестселери, најемотивни љубовни приказни, морничави трилери и мистерии, прекрасни историски романи, книги за личен развој, популарна психологија, бизнис и мотивација, детска литература, како и богат избор на книги на англиски јазик.
Постојано ја обновуваме понудата со нови и актуелни изданија, истовремено задржувајќи ги насловите што читателите со години ги избираат и препорачуваат.
Пријатно и едноставно купување
Сакаме купувањето книги кај нас да ви биде едноставно и пријатно искуство.
Затоа се трудиме да ви обезбедиме јасни информации, внимателно избрани наслови, одлична услуга и брза достава.
Без разлика дали ја посетувате нашата физичка книжарница или нарачувате преку www.bookland.mk, важно ни е купувањето да заврши со насмевка на вашето лице. Најдобрите препораки за книги може да ги добиете во нашата книжарница. При онлајн нарачки, секоја нарачка ја подготвуваме со многу љубов и внимание, за безбедно да пристигне до вашиот дом.